Израелската армија уби 17-годишен Палестинец

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска уби 17-годишен Палестинец на Западниот Брег, соопштија палестинските власти.

Loading...

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека Одаи Салах (17) бил застрелан во главата, а сѐ уште не се познати сите околности за неговата смрт, пренесува АП.

Израелската војска соопшти дека единици дејствувале во родниот град на двајца палестински вооружени лица одговорни за убиството на израелски офицер за време на престрелката во средата, кои подоцна биле убиени од израелски војници.

Израелските војници се подготвувале да ги урнат куќите на овие напаѓачи и да ги уапсат во селото Куфр Дан, во близина на градот Џенин, кој е упориште на палестинската вооружена борба против Израел, наведува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Израел најави дека со уривањето на куќите на напаѓачите сака да го одврати идното насилство, додека критичарите на оваа акција тврдат дека оваа тактика е колективна казна.

Во последните месеци, израелската армија спроведува речиси секојдневни рации на Западниот Брег по вооружените напади на Палестинците во израелските градови.

Израел го освои Западниот Брег, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа, во војната во 1967 година, а Палестинците ги сакаат тие територии во своја држава.