Виетнам: 12 загинати во пожар во караоке бар

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 лица загинаа, а 40 се повредени во пожар во караоке бар во јужен Виетнам, јавија денеска виетнамските државни медиуми.

Пожарот избувна синоќа во бар во провинцијата Бин Дуонг, јавува Виетнамската новинска агенција.

Причината за пожарот, според Ројтерс, е непозната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија