УХМР со најава за невреме

Сподели со своите пријатели

До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

 

 

Нестабилноста се очекува да го зафати и Куманово, според податоците на accuweather. Денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за нестабилност во попладневните часови. Можна е и појава на силни електрични празнења и пороен дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Осум кандидати за градоначалници и 14 советнички листи во Куманово

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

 

 

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

Никола Ивановски