Над 1.000 загинати во разорни поплави во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 1.061 лице загинаа од средината на јуни до денес во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во Пакистан, покажува новиот биланс на локалните власти.

Loading...

Националната служба за управување со катастрофи соопшти дека во изминатите 24 часа загинале 28 лица.

Спасувачите сѐ уште се обидуваат да стигнат до изолираните села во планинските региони на северот од земјата.

Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф побара меѓународна помош за санирање на штетите предизвикани од поплавите.

Сезоната на монсуните во Пакистан започна во јуни, а годинава имаше исклучително големо количество дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење