Четири нови случаи на „треска“ во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја забележа четири нови случаи на „треска“, објави државната новинска агенција КЦНА, за кои постои сомневање дека се поврзани со „малигна епидемија“ на коронавирус, две недели откако земјата прогласи „победа“ над Ковид-19.

Loading...

Четири нови случаи на треска беа идентификувани на 23 август во провинцијата Рајанганг, на границата со Кина, соопшти агенцијата, повикувајќи се на здравствените власти.

Областа е под карантин и мобилизирани се екипи за брза дијагноза и третман.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави претходно овој месец дека земјата го победила вирусот и нареди укинување на речиси сите ограничувања.

Земјата има регистрирано скоро 4,8 милиони „случаи на треска“ од крајот на април, со официјална стапка на смртност од 0,002 отсто, покажуваат официјалните бројки.

Од 29 јули досега не е регистриран ниту еден случај на зараза.

Некои експерти се скептични за здравствената статистика на Пјонгјанг и неговата наводна контрола на епидемијата.