Се пензионираше најуспешната полицајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Една од најуспешните жени вработени во Секторот за внатрешни работи, Виолета Богдановска од денеска заминува во пензија.

Loading...

Во својата богата кариера која ја започнува во 1992 година има постигнато врвни резултати, награди и признанија.

Богдановска е од првата генерација жени во полицијата, прогласена е и за најдобар приправник полицаец, по што е прераспределена на Граничниот премин Табановце.

Во 1998 година е унапредена и прераспоредена во СВР Куманово како инспектор по малолетничка деликвенција во Отсекот за криминалистичка полиција при што станува и првата жена инспектор.

На позицијата виш инспектор за одбрамбени подготовки доаѓа во 2001 година и станува прва жена која воопшто работела во оваа облст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово

На 01.07.2008 година со формирање на Одделението за превенција, станува началник на истото.

Од 2015 до 2017 година е началник на Отсек за општ криминалитет, а во 2017 година повторно се враќа на позицијата началник на Отсек за превенција од каде денеска официјално заминува во пензија.

Во својот работен век, Богдановска е добитник на многу награди и признанија за успех во работата, меѓу кои и пиштол како награда.

Loading...

Засега официјално не е познато кој ќе ја наследи на позицијата началник на Отсек за превенција.

Никола Ивановски