Лидерот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин денеска изјави дека привршува подготовката за првата фаза од судењето на воените злосторници, а се однесува на 80 случаи на злосторства извршени од припадници на националистичкиот баталјон Азов.
– Подготовките за трибуналот, за првата фаза се при крај. Истражните органи работат, а од истражителите зависи и прашањето за датумот кога ќе се одржи првото судење во Трибуналот во Мариупол. Во овој момент можеме да кажеме дека има материјал за 80 случаи на злосторства извршени од Азов – изјави Пушилин за „Русија-24“, пренесува ТАС С.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека доколку има судење на украинските војници заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.
Тој додаде дека Украина нема да толерира, како што наведе, „малтретирањето на луѓето за кои може да се каже само дека се херои на својата татковина и кои ја бранеа слободата на својот народ од напаѓачите“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.