Рускиот амбасадор повикан во австриското МНР

Сподели со своите пријатели

Поради порака објавена, а потоа избришана на Твитер, министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг го покани на средба амбасадорот на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов.

Loading...

На твитот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за пристигнувањето ново оружје од Запад, Улјанов одговори со порака: „Нема милост за украинското население“.

Уљанов набрзо го избриша тој твит, а како што изјави за агенцијата АПА, тоа го направил бидејќи пораката била погрешно протолкувана.

Тој посочи дека, се разбира, не е за геноцид врз Украинците.

„Ако прочитате што напишав на Твитер во последните години, ќе видите дека не напишав ништо лошо за украинското население“, рече тој.

Посочува дека, можеби, наместо извичник, требало да стави прашалник до својот твит.

„Емотивно реагирав на твитот на Зеленски – повторно само оружје, без дипломатија“, објасни Улјанов.

Министерот Шаленберг ја изрази својата зачуденост од ваквата порака на рускиот дипломат во Виена и неговиот наводен обид да го релативизира она што не може да се релативизира.

Loading...

Шаленберг рече дека затоа го поканил Уљанов во Министерството.

„Ние сме за слобода на говорот, но ние сме слободни да се спротивставиме на секое ширење на омраза“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.