Чешка ќе ги ограничи трошоците за домување на 30 отсто од платата

Сподели со своите пријатели

Чешката влада ќе обезбеди помош за домаќинствата за да не трошат повеќе од 30 отсто од својот приход за домување во услови на огромни поскапувања на гасот и струјата, изјави премиерот Петр Фиала.

Loading...

– Надоместокот за трошоците за домување ќе се додаде на најавените 66 милијарди круни (2,73 милијарди долари) што државата планира да ги одвои за субвенционирани тарифи за енергија во грејната сезона 2022-2023 година. – изјави Фиала во средата.

Владата ќе се откаже и од давачките за обновливи извори на енергија.

– Граѓаните ќе трошат најмногу 30 отсто од приходите за домување, вклучувајќи вода и енергија. Владата е подготвена да ги покрие сите трошоци за домување кои надминуваат 30 отсто од приходите со станбен додаток – објасни чешкиот премиер на прес-конференцијата.

Во Прага плафонот ќе биде 35 проценти, додаде тој, без да прецизира колку ќе чини новата мерка за поддршка на граѓаните.

За годинава Владата планираше дефицит од 4,5 отсто од БДП за да ги зголеми трошоците за две милијарди евра во јули, што одговара на околу 0,7 отсто од БДП.

Размислуваат да ја оданочат дополнителната заработка на енергетските компании и банките, што би можело да донесе милијарди евра во државната каса следната година, што би ги покривало повисоките трошоци за заштита на граѓаните од високите трошоци за живот.

Енергијата е еден од главните двигатели на инфлацијата во Чешка, која во јули достигна 17,5 отсто, што е највисоко ниво во последните три децении.

Loading...

Домаќинствата се на удар на критики бидејќи постепено истекуваат долгорочните договори за снабдување со енергија.

Чешката Република речиси целосно ги задоволува своите потреби за гас со увоз од Русија, а владата во меѓувреме изнајми капацитети во терминалите за течен природен гас во Холандија, што треба да покрие 30 отсто од побарувачката.

Чешките складишта за гас се полни повеќе од 80 отсто, што значи дека побарувачката нема да биде целосно покриена доколку Русија ги прекине испораките.

Владата соопшти дека штедењето и европската солидарност треба да им овозможат да ја поминат зимската сезона.

Планот за штедење, според екстремни сценарија, би можел да вклучи и намалување на понудата на индустријата и намалување на температурата на греење на јавните установи и станови на 18 Целзиусови степени, се вели во регулативата што овој месец ја претстави Министерството за индустрија и трговија.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.