Конашенков: Побегнаа над 50 отсто од персоналот на 66-та украинска бригада

Сподели со своите пријатели

Повеќе од половина од персоналот на баталјонот на 66-та механизирана бригада на украинската армија побегна од своите борбени позиции кај Маринка во самопрогласената Доњецка Народна Република, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.

„Во регионот Маринка на Доњецката Народна Република, повеќе од половина од персоналот на третиот баталјон на 66-та механизирана бригада на украинската армија ги напуштија борбените позиции и областа на борбените операции поради големи загуби и недостаток на муниција“, рече Конашенков, пренесе ТАС С.

Според него, над една третина од Украинците мобилизирани во 10-та планинска нападна бригада на украинската армија дезертирале, бегајќи во непознат правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали влегувањето на НАТО во војна е неизбежно?

„Бригадата има помалку од 50 отсто од својот персонал поради големите загуби“, тврди Конашенков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.