Ќе се гради фекална канализација во Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе гради фекална канализација со потисен цевковод во село Тромеѓа, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Како што е објавено на електронскиот систем за јавни набавки за изградба на мрежата со цевковод одвоени се 818.904.78 денари.

На јавниот повик се пријавиле седум компании од државата, а избрана е скопската „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз“. Договорот помеѓу општината и избраната компанија е склучен на 4 август, годинава.

Селото е сместено на пет километри од Куманово и има околу 1.000 жители и голем број младо население.

Претходно, беше избрана фирма за изградба на канализациска мрежа за приградската населба „Иго Тричковиќ“.

За оваа населба, општината склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности, изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици во населбата, за што од општинскиот буџет ќе се одвојат 18.795.602, 81 денар со вклучен данок на додадена вредност.