Бродот „Разони“ со украинско жито се врати во турското пристаниште

Сподели со своите пријатели

Товарниот брод „Разони“ со украинско жито, кој плови под знамето на Сиера Леоне, се врати во турското пристаниште Мерсин, пишуваат локалните медиуми.

Loading...

Бродот требаше да влезе во северното либанско пристаниште Триполи, но купувачот одбил да ја прифати стоката поради доцнење на испораката.

„Разони“ е првиот брод со украинско жито што испловил од Одеса низ хуманитарниот коридор, по склучувањето на договорот за храна меѓу Русија, Обединетите нации, Турција и Украина во Истанбул на 22 јули, објави Спутник.

Од 1 август досега отпловиле вкупно 12 бродови со 375.131 тони храна, од кои 307.831 тони пченка, 6.000 тони сончогледово масло, 50.300 тони брашно и 11.000 тони соја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Волстрит журнал“: На Украина и се заканува колапс на фронтот

59 странски бродови од 14 земји се уште се блокирани во шест пристаништа (Керсон, Николаев, Черноморск, Очаков, Одеса и Јужни), поради опасност од активирање мини поставени од украинската страна.

Вооружените сили на Русија ги обезбедија неопходните услови за функционирање на два поморски хуманитарни коридори за бродови во Црното и Азовското Море.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.