Викендов казнети над 180 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Околу 180 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Куманово во акциска контрола на полицијата за непочитување на сообраќајните прописи.

Loading...

Според податоците на Секторот за внатрешни работи Куманово, најголем дел од казните биле за брзо возење, или вкупно 151.

Без возачка дозвола биле откриени 12 лица, 15 казни биле напишани за возење под дејство на алкохол, а две за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Населбата Карпош и низа кумановски села во вторник без струја

Никола Ивановски