Остатоци од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч.
Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.
– Истрагата утврди дека станува збор за делови од „пајпер чироки“, со регистрација HB-OYL, кој паднал на таа локација на 30 јуни 1968 година. Понатамошна работа ќе се преземе во најкраток можен рок – се вели во полициското соопштение.
Локалниот весник дека во авионот имало учител, лекар и неговиот син, сите од Цирих.
Потоа биле пронајдени нивните тела, но не и остатоците од авионот.
Остатоците биле забележани од планински водич за време на една од обиколките во областа.
Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката на искачување е променета така што сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.