Петмина сириски државјани вчера бил физички нападнати и ограбени од неколку машки лица во кумановското село Четирце.
Loading...
– На 31.07.2022 во 21.45 часот во СВР Куманово М.З.А.Г.(21) од Сирија пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски