Времето денеска ќе биде променливо облачно, со можни повремени локални врнежи од дожд во западните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени целзиусови.
Што се однесува до Куманово и околината во текот на деноте ќе имаме претежно облачно време, со минимални сончеви периоди и мали услови за дожд во текот на денот. Температурата во текот на денот ќе достигне до 10 степени, додека во текот на ноќта ќе се спушти само на 1 степен над нулата.
И утре ќе преовладува стабилно и топло време, невообичаено за овој период од годината, додаваат од УХМР. По котлините ќе има појава на слаба утринска магла.
Во вторник ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Од среда се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.