Времето денеск ќе биде облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд. Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. Поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до 1000 метри надморска височина.
Времето во Куманово ќе биде облачно проследено со врнежи од дожд во текот на целиот ден и слаб ветер од кугоисточен правец. Утринската температура изнесуваше само 1 степен во позитива, додека дневната ќе се искачи до 6 степени целзиусови, а во текот на ноќта повторно ќе имаме еден степен над нулата.
Во текот на вчерашниот ден во Куманово наврнале 4 литри дожд на метар квадратен, според мерењата на УХМР.
Утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на ппланините од снег. Во раните утрински часови ќе има услови и во некои повисоки места во северниот дел од земјата врнежите да преминаат во снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно и суво со пониски утрински и со благ пораст на дневните температури.