ФК Биџо од Куманово се врати со 8 пехари од Охрид (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фудбаерите на ФК Биџо од Куманово се вратија со осум пехари од турнирот кој од 25ти до 30ти јуни се одржа на стадионот на Биљанини извори во Охрид.

Loading...

 

 

Манифестацијата беше во организација на Охрид топ Тип, каде екипата од ФК Биџо Куманово зема учество со четири генерации спортисти (2010, 2011, 2013 и 2014).

 

 

Loading...

Најмалите 2014та се вратија со три пехари. I место за најдобра екипа, I место за најдобар голман Даме Новевски и I место за најдобар стрелец Исак Илиевски.

 

 

Генерација 2013та се пласираше на трето место, и I место за најдобар стрелец на генерација 2013та Александар Арсовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

 

 

Loading...

Генерација 2011 се врати дома со освоено I место и I место за најдобар голман во генерацијата Лазар Трајковски.

 

 

Генерација 2010та се пласираше на второ место.

 

 

Loading...

Заслужени за овој голем успех се нивните тренери Ивица Додевски, Марко Марковиќ, Андреј Николовски и Владимир Додевски.

 

 

 

 

Loading...