Руски, американски и јапонски научници откриле четири нови хемиски елементи, со што е пополнет седмиот ред од периодниот систем на елементите.
Четири нови елементи официјално се признаени и сместеви во периодичниот систем. Нив ги откриле научници од Јапонија, Русија и Америка, а се работи за прва промена на периодичниот систем од 2011 година, кога беа додадени елементите 114 и 116.
Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија на 30 декември го призна откритието откако научниците презентираа доволно докази за елементите 115, 117 и 118.
Сојузот ги призна заслугите на јапонските научници за откривање на елементот 113. Водечкиот јапонски научник Косуке Морита вели дека неговиот тим планира да ја анализира ненацртаната територија на елементите 119 и останатите.
Новооктирените елементи официјално ќе бидат именувани во наредните месеци. Името прво ќе го добие елементот 113 и тоа во Азија.
Новите елементи името можат да го добијат според митскиот концепт, минерал, место, земја или научникот.