Вечерва со почеток во 20 часот во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе се одржи настанот „Книжевна вечер со Румена Бужаровска“.
Модератор на настанот е Ирена Цветковиќ а музички гост Јован Цветковиќ. Настанот е дел од проектот Годишна литературна програма за 2022 година, поддржана од Министерство за култура на РС Македонија.
Румена Бужаровска е авторка која оди отаде границите, стегите и воспоставените стандардизирани шаблони во книжевноста и воопшто.
Го трасира патот по кој ќе тргнат многу млади книжевни автори, најпрвин скицирајќи го одмерено, поплочувајќи го со голема доза на професионализам но и интригантност. „ПичПрич“ се женски приказни со кои јавно, нашироко се дебатира на голема сцена.
Родена е 1981 година во Скопје, дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје. Авторка е на „Чкртки“, „Осмица’, „Мојот маж“, „Не одам никаде“ и студијата „ За смешното:теориите на хуморот низ призма на расказот“.
Интегрално соопштение