Ист фустан во 8 продавници, а секаде е различен: Девојката откри како бутиците ги „мамат“ клиентите!

Сподели со своите пријатели

Австралијката Бри Ленехан ги разбранува социјалните мрежи откако објави фотографии кои ги направила истиот ден, во иста облека, но во осум различни продавници.

Loading...

Што е финтата?

Бри на социјалните мрежи сподели серија слики, на кои се гледа како осветлувањето и огледалата во кабините за пресоблекување ја прават да изгледа сосема поинаку во секоја од нив. 25-годишната девојка е фотографирана во ист розов фустан во осум различни продавници за да докаже дека кабините и огледалата во нив се всушност еден вид „оптички илузии“.

На некои фотографии може да се забележи дека силното осветлување над главата „фрла“ непријатна сенка на телото и на тој начин ги истакнува сите негови недостатоци, секое „испакнување“ како стомакот или „перниците“ на колковите. Бри рече дека забележала дека огледалата во соблекувалните се разликуваат од продавница до продавница.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by ✩ BREE LENEHAN ✩ (@breeelenehan)

 

„Некои користат манипулација со огледало за да ги измамат клиентите да мислат дека се послаби или повисоки кога пробуваат облека“, објасни таа.

„Другите продавници користат помеко осветлување за да ги сокријат „наслагите“ што сите ги имаме на нашето тело. Но, има и продавници кои користат широки огледала или остро осветлување што фрла сенка на телото и ги истакнува сите недостатоци. Ако ме прашате мене не ми е важно што ми се гледаат овие „испакнатини““, заклучила оваа девојка.

Loading...

„Ве молам, не дозволувајте вашиот одраз во огледалото да ви го уништи денот. Вие сте многу повеќе од вашиот изглед“, рече таа.

Бри решила да ги сподели сликите за да ги потсети сите „да не се споредуваат со другите на интернет и нивните наводно совршени животи и фигури“.

„Нема ништо лошо во тоа да имате стомак, целулит, стрии, лузни, спуштени колкови или нешто друго. Повеќето од нас ги имаат“, вели таа.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by ✩ BREE LENEHAN ✩ (@breeelenehan)

 

Илјадници луѓе на Интернет го пофалија потегот на Бри.

„Ти благодарам што ме натера да се чувствувам нормално“, напиша еден лекар на Интернет, а друг додаде:

Loading...

„Да! Осветлувањето во соблекувалните може да биде навистина сурово! Ви благодариме што откривте за што зборуваме”.

Бри е инаку позната по нејзината љубов да ги разбива митовите за изгледот на Инстаграм, па често ја открива реалноста зад добро поставените фотографии. Таа не се двоуми да го покаже своето тело и како тоа изгледа при спонтано фотографирање.