Јапонија: Загрижени сме поради маневрите на Кина и Русија

Сподели со своите пријатели

Маневрите на Кина и Русија ја зголемија загриженоста за безбедноста во Источна Азија, изјави денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши, додавајќи дека Јапонија е на линијата на фронтот бидејќи „соседите се обидуваа да ги променат меѓународните норми“.

Loading...

„Јапонија е опкружена со играчи кои поседуваат или развиваат нуклеарно оружје и отворено ги игнорираат правилата“, рече Киши за време на посетата на Сингапур, пренесе Ројтерс.

Во мај, Кина и Русија спроведоа заеднички воздушни вежби во близина на Јапонија и Тајван, за прв пат по рускиот напад на Украина.

„Заедничките воени операции меѓу двете силни воени сили несомнено ќе ја зголемат загриженоста во другите земји“, додаде Киши.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида сподели слични ставови, велејќи дека неговата земја ќе ги зголеми трошоците за одбрана и веројатно ќе купи офанзивно оружје.

„Украина денес може утре да биде Источна Азија“, рече Кишида.