Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Вадим Скибицки изјави дека украинските сили ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и дека се потпираат на оружје од Запад.
„Ова сега е артилериска војна, а ние губиме кога станува збор за артилерија“, изјави Скибицки за Гардијан, нагласувајќи дека „сега сè зависи од тоа што Западот ќе и даде на Украина“, пренесува Танјуг.
Скибицки додаде дека Украина има едно парче артилериско оружје на секои 10-15 руски, додека западните партнери ѝ дале на Украина „околу 10 отсто од тоа што го имаат“.
Според него, Украина дневно троши од 5.000 до 6.000 парчиња артилериска муниција.
„Ја потрошивме речиси целата наша артилериска муниција и сега користиме гранати со калибар 155 стандард на НАТО“, рече Скибицки.