Во Австрија се регистрирани два случаи на дифтерија, од кои еден починал.
Loading...
Министерството за здравство соопшти дека дифтерија е болест која благодарение на вакцината ретко се јавува во Австрија.
Министерството додаде дека ги презело неопходните мерки и ги пријавило случаите до меѓународните здравствени власти.
Дифтерија е заразна болест предизвикана од бактерии, а се пренесува директно преку капки во воздухот, поретко индиректно преку заразени предмети.
Бактериите на дифтерија ослободуваат токсин од дифтерија, кој ја блокира синтезата на протеините во клетките и на тој начин предизвикува нивно изумирање.
Најчесто погодени се фаринксот, крајниците, носната слузница и лимфните јазли на вратот.