Американец освоил 10 милиони долари на лотарија и доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Мајкл Тод Хил од Северна Каролина, кој победил на лотаријата од 10 милиони долари во 2017 година, е осуден на доживотен затвор без условна слобода за убиството на 23-годишната Кеона Греам во 2020 година.

Loading...

„Њуз и Обсервер“ пишува дека Мајкл Тод Хил (54) од Леланд е осуден за убиство од прв степен на 23-годишната Киона Греам од Навас.

Исчезнувањето на Греам беше пријавено на 20 јули 2020 година. Таа подоцна беше пронајдена мртва во хотел со прострелна рана, според CBS News.

Обвинителите на Северна Каролина изјавија дека снимката од надзорот од хотелот покажала дека Хил бил единствената личност во собата на Греам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата (ВИДЕО)

Тие изјавија дека Хил подоцна признал дека ја убил затоа што им праќала пораки на други мажи додека била во хотелот.

Хил освоил 10 милиони долари на лотарија во август 2017 година, објавија локалните весници.

Хил наводно работел во нуклеарната централа и рекол дека има намера да го искористи профитот од над четири милиони долари, кои му останале по одбитокот на данокот, за да ги плати сметките и да го помогне бизнисот на сопругата.