Шангај се враќа во нормала: Продавниците се отвораат, а сообраќајот се нормализира

Сподели со своите пријатели

Шангај утре ќе премине во нова фаза на контрола на епидемијата на Ковид-19, која вклучува постепено нормализирање на животот, а властите ќе дозволат трговските центри и продавниците повторно да се отворат и луѓето во областите со „низок ризик“ да се вратат на работа. соопштија градските власти.

Loading...

Железничкиот сообраќај исто така ќе продолжи да се одвива нормално, а ќе се зголеми и бројот на домашни летови до градот, објави денеска заменик-градоначалникот Зонг Минг на онлајн прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Како што беше речено, бројот на лица на јавни места сепак ќе треба да се ограничи на 75% од капацитетот, а за влез сите ќе треба да достават негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе сериозен економски удар на најнаселениот кинески град, предизвика дебата за одржливоста на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и прекини.