Додека некои стануваат малку повеќе „заоблени“ во лицето, а други може да добијат повеќе во нозете, повеќето луѓе распределуваат повеќе или помалку рамномерно кога ќе се здебелат,но тоа не е случај со 26-годишната Памела од Австралија, која покажа дека со текот на годините сета килажа што ја добила се наталожила – во нејзините гради!
Имено, Памела, како што вели, почнала да се дебелее поради лековите кои морала да ги пие, а речиси се што добила за седум години отишла на нејзините гради. Таа вели дека малку и се зголемиле колковите и задникот, но недоволно за да се издвојат од бујната биста, а на прашањето на еден човек колку ѝ тежат градите, Памела ги мерела и останала шокирана кога видела 12,7 килограми !
– Не го очекував тоа… – вели таа во своето видео во кое покажа како изгледале пред само неколку години. Имено, во 2019 година нејзината форма на телото била значително поинаква и иако и тогаш, според критериумите на многумина, имала бујни гради, денес нивната големина не изгледа природно. Иако е висока само нешто повеќе од метар ипол, вели дека сегашниот изглед на градите и се допаѓа и не би ги намалила, а и пречи само тоа што поради нив изгледа ‘дебело’ иако таа не.
– Најважно е да имате самодоверба, без разлика на изгледот и големината на деловите од телото! – заклучи таа на ТикТок, со што се согласија повеќето нејзини следбеници, пренесува The Sun.
@misspamelia🤏🏽