Симона Денковиќ од Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово се закити со сребро на Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој викендов се одржа во Србија.
Loading...
Седумнаесетгодишната Симона се натпреваруваше во женската јуниорска конкуренција во дисциплината кик-лајт.
Иако даде се од себе во финалниот меч, не успеа да го совлада противникот и дома се враќа со сребрен медал.
Конкуренцијата на самиот турнир беше голема, со оглед дека настапија многу клубови како од Македонија, така и од сите земји во регионот.
Од клубот Предатор учествуваа седум претставници, но само Симона успеа да се закити со медал.
Loading...
Никола Ивановски