Зеленски: Украина ослободи 934 населени места

Сподели со своите пријатели

Украина досега ослободила 934 населени места од руската армија, а животот во оваа област постепено се нормализира, изјави доцна во средата претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, пренесува Анадолија.

Loading...

– Веќе се ослободени 934 населени места. Полицијата продолжи со работа во 435 населени места. Локалната самоуправа започна со работа во 431 заедница. Работата на хуманитарни штабови е започната во 361 населено место – рече Зеленски во обраќањето до нацијата.

 

Некои земји го напуштија состанокот на Г-20 поради присуството на руски претставник

 

Украинската влада постепено го обновува пристапот на луѓето до медицинските и образовните услуги и телата за социјална заштита, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовен руски напад врз Украина: Едно лице загина

Осврнувајќи сѐ на неговиот состанок со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во понеделникот во главниот град на Украина, Киев, Зеленски рече дека тој бил сеопфатен и продуктивен.

Тој истакна дека разговарале за теми како што се процесот за членство во Европската унија (ЕУ), конкретните чекори на ЕУ за помош на Украина, особено во однос на одбраната, финансиите и санкциите, како и подготовката на неопходните чекори за обнова на Украина.

Loading...

 

Бегалците од Украина во Берлин од утре можат да сведочат за злосторствата

 

Зајакнување на санкциите

– Ова е историски момент кога можеме да развиеме максимална брзина во влезот во Европската унија. „Веќе докажавме дека украинските државни и јавни институции се доволно ефикасни за да го издржат дури и тестот на војната“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија и Кина против „дискриминаторски“ санкции

Тој, исто така, објави дека Украина објавила план за зајакнување на санкциите против Руската Федерација, додавајќи дека „обезбедува ограничувања на руската енергија и банкарство, банкарство, извозно-увозни операции, транспорт“.