УКР: Седум загинати, 11 повредени во ракетниот напад на Лавов

Сподели со своите пријатели

Седум лица загинаа, а 11 се повредени во ракетните напади на руските сили утринава врз градот Лавов во западна Украина, соопшти денеска регионалниот гувернер Максим Козицки.

Loading...

Тој додаде дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте, бидејќи продолжуваат напорите на спасувачките тимови, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Заробени Британци на руската телевизија го молеа Џонсон за размена за олигарх

 

Три лица се тешко повредени, а едно дете е со полесни повреди“, рече Козицки.

Тој изјави дека три проектили погодиле магацини, а четвртиот во работилница за поправка на гуми.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј изјави дека во нападот искршени се прозорците на осум станбени згради, како и во училиштето.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење