Кумановец приведен со марихуана во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен пред угостителски објект во Скопје поради поседување марихуана.

Loading...

– На 15.04.2022 во 22.15 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.Г.(21) од Куманово затоа што кај него е пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино