Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика на формирање на Трибунал за воени злосторства против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Лавров, објави „Шпигел“, пренесува Ројтерс.
„Секој кој е одговорен за овие злосторства ќе мора да го објасни тоа“, рече Штајнмаер во интервју за „Шпигел“.
„Тоа ги вклучува војниците, воените команданти. И секако оние кои имаат политичка одговорност“, додаде тој.
Украина ја обвини Русија за геноцид и воени злосторства, а Кремљ во вторникот рече дека западните тврдења дека руските сили егзекутирале цивили во украинскиот град Буча се „монструозен фалсификат“ со цел да се дискредитира руската војска и да се оправдаат новите западни санкции.