УНХЦР: Повеќе од 4 милиони луѓе ја напуштија Украина поради војната

Сподели со своите пријатели

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека досега повеќе од четири милиони луѓе ја напуштиле Украина, по рускиот напад врз оваа земја, во најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

Loading...

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

УНХЦР објави дека досега од Украина избегале 4,01 милиони луѓе, а од тој број – 2,3 милиони влегле во Полска, пренесува АП.

Исто така, се проценува дека 6,5 милиони луѓе во моментов се раселени од своите домови во Украина.