По одделни котлини како Скопје, Штип, Демир Капија и Струмица има појава на утринска магла, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Надвор дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југозапад која ќе услови висока дневната температура за овој период од годината, особено во среда и четврток.
Максималната дневна температура денес ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.