Преносот на МРТВ на натпреварот Работнички – Куманово под секој стандард

Сподели со своите пријатели

Кумановските гледачи покрај малите екрани, дербито помеѓу КК Работнички и КК Куманово кој се одигра во Скопје во рамки на натпреварувањата од 4 -тото коло на кошаркарската Супер – лига, проследија натпревар кој е далеку од сите стандарди за пренос на спортски натпревар.

Loading...

Натпреварот пренесуван преку МРТВ беше проследен со една камера, без видлив резултат на екраните, со речиси никакви технички перформанси, што беше и јавно признаено од спортскиот коментатор.

Самиот меч помеѓу Работнички и Куманово помина со меѓусебни вербални дуели, кошкање и интервенција на полицијата на трибините на кои навивачите на групата ”Кумани” го бодреа својот тим.

Тензичниот натпревар заврши со резултат 91:84, со што се очекува, Работнички во борбата за титула да се сретне со вечниот ривал  МЗТ. Соколов и Чековски постигнаа по 21, односно 20 поени.

Кај гостите од Куманово блесна Луковиќ со 17 поени, додека одличен беше и Костоски кој уфрли 16 поени.

Насловна: Спортмедиа.мк

 

Leave a Reply