Видео снимките од надзорните камери ширум светот сведочат за потешкотии во возењето при паркирање, но ова видео ни покажува нешто сосема друго – затоа што возачот немал ни намера да паркира.
Според достапните информации, инцидентот се случил во Кина, а на снимката се гледа како црно Пежо се приближува до работ на тротоарот и областа каде се паркираат автомобили со голема брзина на влажен коловоз.
Откако возачот изгубил контрола над возилото, автомобилот силно удрил во тротоарот, летнал во воздух, прелетал четири паркирани возила и слетал на празен паркинг простор:
По ова „паркирање“ возачот излегува од автомобилот и со неверување гледа што се случило.
Да не беше надзорната камера, тешко некој да поверува во оваа приказна.