Австралиското Министерство за внатрешни работи дозволи влез во земјата на странски државјани кои биле вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“ против коронавирусот, се вели во информацијата објавена на веб-страницата на тоа министерство.
Одлуката за признавање на таа вакцина, која ја разви рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, е донесена врз основа на одлуката на австралискиот фармацевтски регулатор од 17 јануари, пренесува руската агенција ТАСС.
„Вие се сметате за целосно вакцинирани за патување во Австралија и од Австралија ако сте примиле терапија со вакцина одобрена или признаена од Управата за терапевтски производи (TGA)“, се вели на веб-страницата на Министерството, додавајќи дека Спутник В е вклучена во одобрените и признаени вакцини.