Британската новинска агениција Ројтерс денес објави потресни фотографии од економски мигранти со зашиени усни, кои заглавени во меѓузоната Идомени на македонско – грчката граница, веќе неколку дена се обидуваат да ја преминат границата, но се спречени од македонските безбедносни сили откако се врши регистрирање само на бегалци од воените зони.
Имено, судејќи по фотографиите објавени од Ројтерс, се гледа како маж од Иран си ги зашива устите со најлон во знак на штрајк со глад, блокирајќи ја пругата со останати мажи кај местото Камен 59 на границата со Грција.
- Не можам да се вратам назад, вели за Ројтерс 34 – годишниот електро -инженер по име Хамид. Ако се вратам, ќе ме обесат, вели тој во изјавата за Ројтерс.
Како што јавува и ТВ Телма, нивната дописничка Сузана Мицева испратила фотографијата на која се гледа еден мигрант со зашиена уста. Иако владее молк од официјалните институции, мигрантите на овој начин порачуваат дека не отстапуваат од своите намери да отидат во некоја од земјите на ЕУ.
Економските мигранти речиси цела недела не се пропуштаат кон државите на ЕУ, а по нападите во Париз и одлуката да се прави селекција на пропуштените лица.