Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница беа одбележани 77 години од ослободувањето и 502 години од формирањето на Куманово.
Голем број делагации од Општината, Армијата на Македонија, Секторот за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.
Пред присутните се обрати Томислав Стојковски, потполковник во пензија, кој даде историски осврт на ослободувањето на градот.
– По ослободувањето Куманово забразано ја испишува историјата на својот растеж. Денеска градот се развива во модерен и значаен стопански, културен и спортски центар на Балканот. Куманово тие бурни ноемвриски денови, обвиени со радост и среќа, но и гордост од постигнатото ги имаше создадено највисоките органи на власта, градскиот и околискиот народно ослободителен одбор. Во првите десетина денови од слободно Куманово неминовно покрај сите проблеми кои што ги имаше градот треба да се нагласи големиот народен митинг кој се одржа на 19-ти неомври, прв митинг во слободна Македнија, рече тој.
На одбележувањето присуствуваа бројни делагации на општините збратимени со Куманово, како и претставници на амбасадите на Кина, Русија, Унгарија и други.
Никола Ивановски / Стефан Младеновски