Димитриевски доби поддршка од Алијанса и Алтернатива за вториот круг (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски доби поддршка од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за вториот изборен круг, а денеска по тој повод беше потпишан и меморандум за соработка.

Loading...

Како што истакна Даниел Стојчевски, шеф на изборниот штаб на „За наше Куманово“, поддршката секојдневно расте.

– Чест ми е што можам да информирам дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе нѐ поддржи во вториот круг и веќе имаме направено коалиција со нив. Ви благодарам од срце, а воедно се заблагодаруваме на сите останати граѓани кои го препознаа нашиот концепт кој е искрен, чесен и има за цел Куманово да го направи поубаво место за живеење. Во следниот мандат ќе продолжиме да работиме за сите граѓани подеднакво без поделби. Како и досега ќе работиме за секој еден кумановец, без ралзика на неговата етничка, верска, партиска или било каква друга различност, рече Стојчевски.

 

 

Тој ги повика граѓаните во недела граѓаните да ја дадат довербата на Максим Димитриевски, и вети дека ќе продолжат да работат домаќински, чесно и одговорно.

 

Loading...

 

Димитриевски истакна дека ова е почеток на една плодна политичка соработка меѓу граѓанското движење „За наше Куманово“ и Алијанса и Алтернатива.

– Ние ја бараме поддршката од сите граѓани на Куманово, без разлика на нивниот политички предзнак. Веруваме и убедени сме дека во вториот круг ќе извојуваме уште поголема победа. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите мои противкандидати кои многу конструктивно во првиот изборен круг ја водеа својат кампања и да ја поздравам поддршката на оваа иницијатива на колегата Беким Салиу, рече тој.

Според Димитриевски станува збор за политички субјект кој сака во иднина да делува од граѓаните и за граѓаните и ќе се водат по принципот за унапредување на правата на сите граѓани.

 

 

Loading...

– Куманово има простор за работа на сите полиња, повеќе од јасно е дека не Куманово му недостасуваат многу проекти и во идниот период во рамките за нашето делување ќе се обидеме да решиме што поголем проблем на сите наши граѓани, притоа не правејќи никаква разлика по однос на етничка, верска или било каква друга припадност. Тоа е и порака повеќе за сите граѓани кои не ни дадоа поддршка во првиот круг да се обидеме да ја добиеме нивната поддршка, бидејќи концептот „За наше Куманово“ е од кумановчани и за кумановчани, изјави Димитриевски.

Инаку за Димитриевски ова е прва официјално потпишана коалиција, иако претходно јавно поддршка му упати и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со која сепак нема потпишано меморандум за соработка.

 

Текст: Никола Ивановски / фото: Стефан Младеновски