ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД ЛА ПАЛМА: Вулканот веќе пет недели го уништува шпанскиот остров (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вулканот, кој еруптира на шпанскиот остров Ла Палма веќе пет недели, станува се поактивен, потврдија официјални лица.

Loading...

 

 

Делумниот колапс на кратерот на вулканот предизвика нова река од лава, која сега ги зафаќа областите на островот кои претходно беа недопрени.

Институтот за вулканологија на Канарските Острови го опиша феноменот како „огромна фонтана од лава“.

 

Loading...

 

– Сега сме во нова фаза, која е многу поинтензивна, изјави научникот Педро Хернандез за јавната телевизија РТВЕ.

Ерупцијата создаде огромна форма на вулкански чад и пепел над остров недалеку од северозападна Африка.

 

 

Според Скај њуз, жителите нервозно гледале во која насока ќе се движи новата река лава, а властите се подготвувале да евакуираат повеќе луѓе од нивните домови.

Градовите во близина на вулканот се покриени со пепел.

Loading...