Денот на востанието против фашистичкиот окупатор со години наназад се слави во Куманово. Прослава имало и во далечната 1961 година кога два дена биле организирани повеќе настани во кумановската околина.
На 10 откомври во 15 часот со полагање венци на Спомен Костурница започнало прославувањето на овој национален празник. Во 18 часот пионерскиот мандолински оркестар од Кратово приредил концерт на градскиот плоштад, додека пак 45 минути подоцна имало огномет и започнала традиционалната трка „11 Октомври“.
Во 19:30 часот имало свечена академија со пригодна програма посветена на празникот која се одржала во Работничкиот универзитет во Куманово, а вечерта се организирале повеќе другарски вечери, во Хотел „Куманово, во салата на ДТВ „Партизан“, во Тутунскиот комбинат и Домот на ЈНА.
На самиот празничен ден, одбележувањето започнувало од рано изутрина. Уше во 09:30 часот на Градскиот плоштад имало концерт на Гарнизонот на ЈНА и Градската музика, а веќе во 11 часот се одржал митинг во врска со 11 Октомври и Народната револуција.
Натпревари во фудбал, атлетика, одбојка и велосипедизам биле одржувани на Фискултурниот стадион од 14 до 17 часот.
За време на прослвата се одржал и дводневен собир на феријалците од Врање, Лесковац, Бујановац и Куманово и околните центри на Народна Република Македонија, при што биле отворени изложби на детски цртежи од Кратово и на фотографии од изградбата на автопатот „Братсво и единство“.
Извор: „Наш весник“ број 1 (среда, 11 октомври 1961. година)