Руската инфлуенсерка Марина Лебедева починала во елитната клиника „Артибеаут“ во Санкт Петербург за време на естетска операција на носот, пишува The Sun.
Таа сакала да го поправи обликот на својот нос, и за време на постапката, работите тргнале наопаку, па добила висока температура, со која хирурзите не можеле да се справат. Во клиниката била повикана брза помош, но лекарите не успеале да ја спаса, и таа набргу починала. Се смета дека причината за смртта е алергиска реакција на анестезија.
Покрената е кривична постапка за медицинска негрижа, а хирурзите се соочуваат со казна затвор до шест години. Патем, ова е рутинска операција и шансите за фатален исход за време на оваа интервенција се практично нула.
Александар Ефремов, директор на споменатата клиника, за медиумите изјави дека пациентот пред операцијата на носот поминал неколку тестови, кои ги извршиле високо квалификувани лекари. Извештаите од болницата наведуваат дека нејзината генетска состојба најверојатно довела до смрт.
Сопругот на Марина, откако дознал за трагичната смрт, веднаш се вратил од службено патување и се грижел за нивниот малолетен син.