Тука имате уште едена причина зошто дрогата е лоша. На крајот ќе го убиете својот замислен пријател, ќе барате смртна казна за себе, а се тоа го направил овој човек.
Џеф Гејлорд влегол во канцеларијата на шерифот во Џексонвил и признал злочин – тој неколку пати го избол својот пријател „Мистер Хепи“ со кујнски нож, го исецкал со секира и го погребал во својот двор. Ова инаку се случило на Флорида.
Гејлорд и Мистер Хепи биле пријатели седум години, но според Гејлорд го убил поради неколку причини.
Оставаше празни флаши вотка насекаде низ кујната, никогаш не ги собриаше празните кесички од кокаинот, го извалка станот до точка што повеќе не може ад се исчисти. Пред да започнал да ги зема дрогите тој почна да се однесува чудно, ми беше најдобар пријател. Заедно одевме на журки, се игравме на детските играчки во паркот, двајцата сме големи фанови на дум металот и го слушавме со часови во мрак, раскажал Гејлорд.
Кога „Мистер Хепи“ го уништил автомобилот на Гејлорд, а Гејлорд бил уапсен поради тоа, му било доста од се.
Тој инцидент на возење во алкохолизирана состојба за која неодамна бев обвинет и целиот тој неред кој го правеше едноставно ме доведе на работ да го убијам и го сторив тоа, рекол Гејлорд.
Тој на крајот бил одведен во притвор, кога се заканувал на полицијата затоа што не му дале смртна казна. Полицијата пронашла прибор за употреба на дрога и митролез во неговата куќа, а досието му било преполнето со обвиненија.