На профилот на ТикТок Happy & Healthy Olivia, можете да најдете разни трикови за здравје и слабеење, а оној за кој авторот тврди дека работи одлично е вирален рецепт кој ја намалува надуеноста и го потиснува апетитот, а кој го виделе над 13 милиони луѓе до сега.
Тоа е пијалок кој се состои од вода, лажичка семе и лимета.
Во чаша вода, потребно е да додадете лажичка семе и лимета за подобар вкус. Почекајте пијалокот да отстои 30 минути, а потоа пијте го.
Како што вели авторот, рецептот е едноставен и „работи веднаш“.
Чија семиња се исклучително здрави и создаваат густ заштитен слој во стомакот, кој потоа го потиснува апетитот, обезбедувајќи чувство на ситост.
Богати се со важни хранливи состојки како омега-3 масни киселини, протеини, аминокиселини.