Вкупно 60 казни напишала полицијата денеска за неколку часа на подрачјето на СВР Куманово.
Loading...
– Денеска (17.06.) во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 60 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените сообраќајни контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во извештајот на полицијата.
Никола Ивановски