Писменоста и науката да бидат средство за комуникација, а не насилството (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Писменоста и науката да бидат средство за комуникација, а не насилството“, ова е пораката испратена по повод 24ти Мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј од Куманово на настанот што го организираше Отсекот за превенција при СВР Куманово со пензионери, просветители и ученици.

Loading...

 

 

Како што рече началникот на Отсекот за превенција, Виолета Богдановска, годинава настнот се одбележува поскромно со оглед на пандемијата.

– Во чест на Денот на просветителите Кирил и Методиј оргнаизира најразлични настани со кои што ќе упати порака до пошироката јавност дека учењето, писменоста, науката, пишаниот збор треба да бидат основно средство за комуникација и решавање на сите проблеми наспроти сила насилство и се што значи нарушување на безбедноста, рече Богдановска.

 

Loading...

 

Да се грижат сите за безбедноста, науката и образованието е пораката од овој ден, која учесниците на настанот ја упатија до сите генерации граѓани.

 

 

Според директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, овој празник треба да ги обедини сите и да потикне размислување кај младите за толеранција.

– Овој ден, овој празник треба да биде обединувачки за сите и затоа се тука и друштвото на пензионери, СВР Куманово, ученици, од образовните институции во Куманово, ние како Центар за култура се со цел да го потикнеме, односно овој празник да го потикне размислувањето на младите кон толеранција и обединување и да пратиме такви пораки се со цел овој ден да остане таков и за идните генерации, рече Тодоровски.

 

Loading...

 

Настанот е во организација на Отсек за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Фондација за култура и спорт при Општина Куманово, а учество зедоа и членовите на Училишни сообраќајни единици и членови на Здружение на пензионери од Куманово.

 

 

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма на која настапија и учениците и пензионерите.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply