Алијанса за позитивна Македонија со честитка по повод 11 Октомври

Сподели со своите пријатели

Алијанса за позитивна Македонија, во чест на 11 Октомври –Ден на народното востание и Ден на борецот, на сите граѓани на Република Македонија им го честита овој голем национален празник.

На 11 Октомври започна историското востание кое после четири години борба, доведе до национално и социјално  ослободување на македонскиот народ и другите националности и создавање на сопствена, суверена и независна држава која беше сон и желба на многу генерации низ вековите.

На борците од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 им изразуваме посебна благодарност и чест и се поклонуваме пред нивното дело, а на живите борци им посакуваме добро здравје.