Општинскиот сојуз на спортови Куманово ги демантира изнесените заклучоци на Државната комисија за спречување корупција за наводна злоупотреба на финансиски средства наменети за спортските клубови во градот.
Оттаму велат дека воопшто не биле исконтактирани од ДКСК и да побараат било какви информации од нив.
Во продолжение интегрално го пренесуваме нивното соопштение:
Државната комисија за спречување корупција за наводно нетранспарентно и селективно работење на Сојузот во однос на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година и распределба на годишните средства.
Ние не бевме директно исконтактирани од ДКСК и директно од нас не се побарани информации и документација за нашата работа.
Начинот на работа и распределба на годишните средства се водат на транспарентен начин и имаат за цел да го поддржат и стимулираат спортот и спортските активности во градот, при што се дистрибуираат за повеќе клубови, а не само еден клуб, но притоа се финансираат не само спортските клубови, туку и спортски манифестации, спортски натпревари, училишен спорт итн.
Конкретно во 2019 година се спроведени над 50 спортски манифестации и турнири и голем број манифестации за 11-ти ноември и 500 години постоење на градот Куманово. Се одржаа три државни лиги и пет државни првенства за основни и средни училишта. Успешно Во текот на целата година се реализираа и многубројни спортски активности во доменот на клубовите кои се натпреваруваа во лига и КУП системи на натпреварување организирани од националните спортски федерации во соработка со ОССК. Сето ова е документирано и приложено во годишниот Извештај кој го доставуваме како и секоја година до Советот на Општина Куманово, така и Извештајот заедно со Финанскиот Извештај за 2019 година е разгледуван и изгласан на Советот на општина Куманово, конкретно на 27.05.2020 година.
Сојузот успешно се справува со реализација на својата програма како и програмите на своите членки- спортските клубови претставувајќи во вистинска смисла на зборот „Куќа на спортот“ во Општината за кое има и добиено високи признанија од повеќе национални спортски федерации и потврдено со посебно Признание од Сојузот на спортските федерации на Македонија. Општина Куманово беше прогласена и за Град на спортот за 2019 година.