Роверот „Персерванс“ на НАСА влезе во аналите на човечката историја откако слета на Марс и испрати неверојатни фотографии од површината на оваа планета.
НАСА неодамна објави и нови фотографии кои ги шокираа корисниците на социјалните мрежи на прв поглед. Имено, на една од фотографиите од Марс може да се види нешто што неодоливо потсетува на виножито.
Сепак, во описот на фотографијата на официјалниот Твитер профил на НАСА, научниците објасниле дека не станува збор за виножито.
– Многумина се прашуваа: Дали е ова виножито на Марс? Не, тука не се можни виножитата. Тие се јавуваат кога сончевата светлина се прекршува од капки дожд, но нема доволно вода за кондензација и е премногу ладно за водата да биде во течна состојба. Станува збор за лак кој е создаден со одблесок на објективот – се наведува во објаснувањето на НАСА.
Many have asked: Is that a rainbow on Mars? No. Rainbows aren’t possible here. Rainbows are created by light reflected off of round water droplets, but there isn’t enough water here to condense, and it’s too cold for liquid water in the atmosphere. This arc is a lens flare. pic.twitter.com/mIoSSuilJW
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) April 6, 2021
За потсетување, роверот неодамна постави хеликоптер „Инџенуити“ на тлото на Марс, кој треба да полета на 11 април. Тоа треба да биде првиот лет со хеликоптер до Марс во историјата на човештвото.
Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови околу еден месец, пркосејќи им се на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.
Во продолжение погледнете ја галеријата што пристигна од роверот на НАСА: